Реванш осминафиналето од Лигата на шампионите вечерва го играат Челзи и Атлетико Мадрид.
Реванш осминафиналето од Лигата на шампионите вечерва го играат Челзи и Атлетико Мадрид.
Лондонскиот тим славеше на првиот натпревар одигран во Мадрид со минимални 1:0, но популарните „јорганџии“ сакаат да слават на реваншот.
Тие се свесни дека нема да биде лесно, а шефот на стручниот штаб Диего Симеоне има само пофални зборови за противникот.
“Челзи во моментов нема слабости. Тие се уште не загубија под водство на Тухел и големото прашање е дали ќе загубат”, рече Симеоне и додаде:
“Челзи е силен на домашен терен и игра прилично добро. Нашата цел е да им ја наметнеме нашата игра. Сакаме да победиме”, додаде тренерот на Атлетико.