Сиромашните граѓаните станале уште посиромашни а богатите побогати, јазот на нееднаквоста помеѓу граѓаните во Ковид кризата драстично се зголемил. Според здружението ЗМАИ најпогодени од панедемијата биле, жените и младите лица како категории на кои најмногу им се намалиле примањата и граѓаните со ниски примања. Нееднаквоста во примањата на граѓаните во првиот квартал од претходната година се зголемила за 3,5 процентни поени.
„Ако тој јаз се зголемил, тогаш логично е да констатираме дека посиромашните осиромашиле, а побогатите станале побогати. Пред се се должи на намалените приходи во приватниот сектор, намалената работи си влече самата по себе и намалени приходи по основ на личен доход. Дури и поголемите доходовни групи имаат намалени и приходи, компаниите не биле желни да исплаќаат награди, бонуси а јазот е зголемен бидејќи реални изгубивме многу работни места“, вели Виктор Митевски-Здружение за истражување и анализа – ЗМАИ.
– Advertisement –
Според анализата државната помош низ креираните пакети на економски мерки се поделени сразмерно на компаниите. Најголема поддршка добила текстилната индустрија, или околу 11 отсто од вкупно предвидените средства, а најголем ефект од мерките е подршката кај продажбата на мало и големо. Препораките до Владата се новите креирани мерки да бидат подобро дизајнирани за помошта да оди директно кај работниците, тие компании кои користат помош да не намалуваат плати, поголемо внимание да се обрне кај условите за добивање помош за таа да заврши кај најпогодените, како да се превземаат среднорочни мерки.
Андреа Чобанова