Суперкласикото помеѓу Бока јуниорс и Ривер Плата заврши 1-1.

Дербито на „Ла Бобомољера“ го одбележа нереална ситуација од последните минути на натпреварот.

Гостите помислија дека го постигнале вториот гол, но тогаш се појавил дух меѓу стативите на Бока.

Имено, кога топката влезе во голот, доби навистина чуден ефект и нагло се сврте во друга насока.

На крајот, домашниот голман Естебан Андрада некако успеа да го спаси својот гол со помош на стативата.

Инаку, домашниот тим водеше со голот на Вилја од белата точка, а конечниот резултат го постави Палавечино. Двете екипи го завршија натпреварот со играч помалку.