Судбината на локалните избори зависи од тоа дали двете партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе постигнат договор. На барањето на ДИК консензус за Изборниот законик да се постигне до крајот на март, доколку сакаат локални избори во октомври, македонската опозиција и СДСМ одговараат дека се надеваат дека ќе се постигне договор. ВМРО-ДПМНЕ инсистира на избори според Изборниот законик кој предвидува и употреба на уреди за отпечатоци. ВМРО ДПМНЕ ги обвинува коалициските партнери СДСМ-ДУИ дека намерно ги блокираат преговорите за Изборниот законик.

СДСМ одговори на опозицијата дека процесот е блокиран од нивните деструктивни активности.
Поделени се и партиите од албанскиот политички блок. Aлијанса и Алтернатива прифаќаат избори со уреди за отпечатоци, а ДУИ нема конкретен став, но велат дека за сè е потребен консензус. Во случај Владата да не обезбеди уреди за регистрација на гласачи по електронски пат и со отисоци од прст, за локалните избори да се одржат во октомври, треба да се измени Изборниот законик и да се отстранат одредбите за идентификација на гласачите. Бидејќи опозицијата не прифаќа отстранување на овие одредби, ДИК бара консензус за разликите да се постигне до крајот на март, односно шест месеци пред локалните избори, во спротивно датумот на изборите треба да се одложи. Законот за локална самоуправа предвидува мандатот на градоначалниците да биде продолжен. Во 2017 година, кога земјата беше во политичка криза, со техничка влада и нефункционално Собрание, мандатот на градоначалниците истече во април, а Уставниот суд беше принуден да ги укине ограничувачките одредби за мандатот и да распише локални избори во октомври . Продолжувањето на мандатот не ги ограничува градоначалниците во донесувањето одлуки .