Реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите ПСЖ и Барселона го играат утре во Париз.
Парижаните го добија првиот натпревар на гости со 4:1 и се на чекор од квалификациите, но во Барселона сепак веруваат дека можат да направат чудо и да дојдат до пресврт.
Роналд Куман одржа прес-конференција пред утрешниот натпревар и рече дека верува дека неговиот тим може да остави добар впечаток.
“Резултатот воопшто не е на наша страна. Ќе се обидеме да сториме сè што е во наша моќ. Секогаш постои надеж, сè ќе зависи од нашата ефикасност. Ништо не е невозможно”, рече Куман и продолжи.
“Во случај да ја започнеме играта што е можно подобро и да покажеме голема енергија, ништо нема да биде невозможно. Ние сме една од оние екипи кои создаваат многу шанси во играта. Повторувам, ако ги претвориме сите шанси во гол, ништо е невозможно “.
Од Куман беше побарано и да даде коментар за неиграњето на Нејмар, и тој го стори тоа во свој стил.
“Треба да одиграме добра игра и да се посветиме на нашиот стил на игра. Треба да дадеме се од себе за да излеземе како победници на утрешниот натпревар”.