Поранешниот играч на Виљареал и Расинг Сантандер, Франко Акоста е пронајден мртов.
Поранешниот млад уругвајски репрезентативец исчезна во саботата, а последен пат беше виден како се обидува да преплива преку река во јужен Уругвај.
Неговото безживотно тело беше пронајдено во понеделникот, а неговото исчезнување претходно го пријави неговиот брат.
Роден во март 1996 година, фудбалерот ја започна својата професионална кариера во Феникс, каде дебитираше во 2013. Подоцна играше за Виљареал, со кого играше и во Лигата на Европа. Тој исто така беше во Сантандер, а потоа играше за неколку клубови во Уругвај.
El Real Racing Club, de luto por el fallecimiento de su exfutbolista Franco Acosta https://t.co/2BVj5D7Aa0 pic.twitter.com/9OvH4LomaR
— Real Racing Club (@realracingclub) March 8, 2021