Најдобриот играч на голф во светот, Тајгер Вудс, имаше тешка сообраќајна несреќа пред 12 дена.

За среќа, Тајгер успеа да преживее, но неговото продолжение во кариерата е доведено во прашање, бидејќи нозете му беа повредени.

„Г-дин Вудс има сериозни повреди на нозете, особено десната со две отворени фрактури. Ги поврзавме неговите коски со метални прачки и завртки, а најтешки беа глуждовите и стапалата. Отечени беа неговите мускули и целото меко ткиво кое моравме да ги ослободиме со сечење на кожата“, информираше шефот на медицинскиот центар Харбор-УЦЛА, Аниш Махајан.

Сега самиот Американец зборуваше кратко за несреќата.

„Не се сеќавам на несреќата, ниту дека воопшто го возев автомобилот“, рече Вудс во краткото соопштение.

Не е ни чудо што тој не се сеќава на тоа што се случило и како едвај преживеал.