Проблемите на Милан продолжуваат, па Анте Ребиќ ќе го пропушти натпреварот со Верона денеска.
Според „Скај Спорт Италија“, Ребиќ го напуштил Милано и заминал дома, иако не е познато каква е повредата.
Сепак, хрватскиот напаѓач нема да биде во Бентегоди, и ова е уште еден тежок удар за тренерот Стефан Пиоли, кој веќе не може да смета на Ибрахимовиќ, Манџукиќ, Чалханоглу, Бенасер …
Милан имаше одлична сезона, но поради сериозни проблеми со повредите падна на второто место и сега заостанува шест бода зад лидерот Интер.