Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) организираше Работилница во врска со Пописот за Турците во Северна Македонија, каде учесниците дискутираа за пописот на населението кое ќе се реализира во април оваа година во Северна Македонија.
На оваа работилница учествуваа амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, како и претседателите на турските политички партии во земјата, заменици министри, пратеници, претставници на турските и локалните организации во Северна Македонија, професори, како и други поканети гости.
Во рамки на работилницата беа споделени видеопораките подготвени за изразување поддршката во оваа насока од страна на претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, претседателот на ТИКА, Серкан Кајалар, и претседателот на Дирекцијата за дијаспора и сродни заедници на Република Турција (YTB), Абдула Ерен.
Амбасадорот Секизќок укажувајќи на важноста на пописот, рече дека со големо задоволство ја набљудува возбудата и свесноста на Турците во земјата во врска со пописот.
На крајот на работилницата беше донесена одлука за формирање на Национално Координативно Тело за Пописот на Турската заедница во РСМ, и беше усвоена завршна декларација која содржи 15 точки.
- Пописот е од големо значење за Турската заедница во РСМ. Резултатите и податоците кои што ќе произлезат од Пописот се од суштинско значење за Турската заедница во РСМ. Односно со Пописот ќе се утврди најзначајниот показател за постоењето Турската заедница во РСМ.
- Резултатите од Пописот директно ќе влијае врз иднината на нашата зедница во оваа земја и ќе се употребуваат за макроекономски стратегии, научни, статистички цели и други истражувања. Исто така Пописот има големо значење и за споведување на Охридскиот Рамковен Договор, односно ќе придонесе за правична застапеност и издигнување на позитивна дискриминација.
- Пописот претставува тапија на Турската заедница која е основен елемент на РСМ. Затоа според ова свесно треба да се постапува.
- Во овој период треба целата Северна Македонија да ја обединиме, различностите, дијалектите и областите треба да сметаме како богатство. Затоа неопходно е нашата Турска заедница да покаже заеднички национален став.
- Со зголемувањето на нашата застапеност на Пописот значително ќе се зголемат и нашите придобивки.
- Пописните резултати ќе придонесат за поголема застапеност во државните институции, вработувања во локалните единици и поголема правична застапеност, што е наше основно уставно право.
- Пописните резултати, ќе придонесат за Турскиот јазик заедно со другите јазици да се користи и како службен јазик на локално ниво.
- Нашето мнозинство ќе ги спречи плановите за асимилација и политиките за негирање врз нашата заедница.
- Пописните резултати ќе придонесат за заштита на нашето историско и културно наследство. Исто така ќе придонесе за развој на културниот туризам.
- Ќе придонесе за поставување на националното знаме на локално ниво во повеќе општини.
- Пописните резултати, пред се ќе предизвикаат голема мотивација и придонес за Турците во Балканот, за нашата матична земја Република Турција и за Турците секаде низ светот.
- Пописните резултати и нашето постоење во оваа земја ќе ги подобри долгогодишните пријателски односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција и ќе ги издигне на повисоко ниво.
- Врз основа на научните истражувања кои се спреведени од страна на Сојуз на Турските Невладини Организации вo Македонија (МАТУСИТЕБ), Демократска Партија на Турците (ТДП), Движењето за национално единство на Турците (ТМБХ), други институции и организации, академици и други претставници сметаат дека застапеноста на Турската заедница при целата територија на РСМ е 7%.
- Очекуваме Пописот да се спроведе без притисоци, манипулации, политички влијаниа, односно да се споведе на слободен, правилен и транспарентен начин. Воедно изјавуваме дека будно ќе го следиме Пописниот процес.
- Меѓудругото на Работиницата во врска со Пописот, се донесе одлука и се формираше Национално Координативно Тело за Пописот на Турската заедница во РСМ, кој будно ќе го следи Пописниот процес.
Партијата за Движењето на Турците (ТХП) не се согласила членот 13. од декларацијата, стои во соопштението на Сојузот на турските невладини организации во Македонија.