Ерлинг Халанд е гол машина, а има само 20 години. Неговите бројки се импресивни, па оваа сезона на 27 мечеви постигна 27 голови и осум асистенции. Не е ни чудно што Реал Мадрид ќе стори се да го купи, а Челзи исто така е „загреан“, но навивачите на Борусија Дортмунд веруваат дека ќе остане. Ако, ништо друго барем поради атрактивната фитнес инструкторка и модел Алисија Шмид, која во рамките на договорот со Пума е задолжена за тренинзите во теретана на играчите на Борусја Дортмунд.
Оваа 22 годишна убавица се занимава и со атлетика, но и со моделство, а магазинот „Busted Coverage“ пред извесно време ја прогласи за најсекси спортиска на светот.
Навивачите на Борусија Дортмунд на шега велат дека само таа може да го спречи заминувањето на Ерлинг Халанд, па и Џејдон Санчо.