Соопштението на Спорт Клуб ви го пренесуваме во целост:
„Програмата на телевизија Спорт Клуб од 1. март не се емитува за корисниците на операторот А1 во Македонија бидејќи таа компанија одлучи да не го продолжи договорот за дистрибуција на каналите со комапнијата Јунајтед Медиа“.
„Сите заинтересирани граѓани, најдобрата спортска содржина ќе можат да продолжат да ја гледаат преку Македонски Телеком, Телекабел, Тотал ТВ, но и сите други кабловски оператори во земјата“.
„Со операторот А1 соработувавме долги години и жал ни е што долгогодишната соработка не е продолжена спротивно од желбата од наша страна да дојде до тоа. Им беа понудени истите услови за дистрибуција како и на сите останати учесници на пазарот, но тие едноставно тоа го одбија. Со овој потег нивните корисници се ставени во позиција само тие во Македонија да не можат да ги гледаат најпрестижните спортскки натпреварувања на Спорт Клуб, но и останатите канали на компанијата Јунајтед Медиа“.
„Со децении наназад Спорт Клуб е регионален лидер кога станува збор за понудата на најквалитетните спортски содржини, а научивме и да ги препознаваме желбите на нашите гледачи па понудата често ја прошируваме. Од оваа година покрај популарните Премиерлига и ФА Куп нашата понуда ќе ја збогатиме и со преноси од германската Бундеслига, Бундеслига 2, но и уште дваесетина лигашки натпреварувања“.
„Кошаркарските фанови знаат дека двете најважни натпреварувања – Евролигата и Евркупот можат да ги гледаат само кај нас, а за љубителитие на ауто-мото спортот тука се популарните Формула 1 и Мото ГП. Европските првенства во кошарка за жени и мажи ќе се пренесуваат исклучително на каналите на Спорт Клуб, а љубителите на тенисот и понатаму ќе можат да уживаат во преноси од Вимблдон, Дејвис Купот и сите АТП турнири од Мастерс сериите 1000 и 500“.
„Фудбал, кошарка, тенис, ауто-мото спорт, американски фудбал и хокеј… Не постои спорт од кои најголемите натпреварувања не се наоѓаат на еден од нашите канали. Сè што сакате од спортот има на Спорт Клуб!“.