Фикајо Томори воодушеви во дресот на Милан против Рома.
Томори беше донесен на позајмица од Челзи, а тренерот Стефано Пиоли реши да го „турка напред“ и да го стави во стартните 11 на олимпиското дерби, наместо капитенот Алеси Ромањоли.
Томори беше брилијантен на тој натпревар, а еден ден подоцна „росонерите“ веќе подготвуваат понуда да го откупат неговиот договор на крајот на сезоната.
Милан може да го купи за 28 милиони евра, а Паоло Малдини и неговите соработници работат на тоа да се договорат сè со Челзи.
Инаку, Томори дебитираше во Купот против Интер во јануари, и се чини дека сега ќе биде стандарден стопер пар со Симон Кјаер.