Новак Ѓоковиќ стигна до рекордот на Роџер Федерер со 310 недели на врвот на АТП-листата.
Ѓоковиќ официјално ќе стане рекордер на 8 март, кога ќе го престигне легендарниот Швајцарец по бројот на недели на прво место.
Инаку, српскиот тенисер за првпат го презеде врвот на АТП-листата на 24-годишна возраст, во јули 2011 година.
После тоа, Ѓоковиќ ја држеше првата позиција 122 недели, што е негова најдобра серија, додека Федерер мина 237 недели последователно како број еден.