Искусниот стопер на Валенсија Габриел Паулиста по поразот од Хетафе даваше изјави, но не издржа и се расплака како светот да му се срушил. Го прашаа да објасни како е можно толку голем клуб како Валенсија која се бореше за Лига на шампиони, сега се бори за опстанок, а тој не можеше, а да не заплаче.
-Да се слуша тоа е е*ено…Толку голем клуб како што е Валенсија и да се слуша ова, тоа е е*ено.., но мораме да заборавиме се бидејќи ние сме Валенсија, изјави Бразилецот.
Инаку, Валенсија загуби вчера на гостувањето кај Хетафе со 3:0. Во моментов овој тим се наоѓа на 14-то место со 27 бодови, само шест повеќе од клубовите кои се наоѓаат во опасната зона која води до испаѓање од лигата.