Фудбалерите во најсилните лиги во светот заработуваат голема сума на пари, а социјалните мрежи придонесоа нивните жени да започнат да ги развиваат и своите деловни активности.
Пред проширувањето на социјалните мрежи, сопругите на познати фудбалери не беа толку изложени во јавноста, но тоа многу се смени во претходните години.
Единствената која претходно беше неверојатно позната е Викторија Бекам која е во брак со Дејвид Бекам повеќе од 20 години.
Англиските медиуми направија список на жени на фудбалери кои во моментов заработуваат многу пари, а откриле која е најбогата од нив. Секако, милји пред сите е Викторија поради нејзината кариера во музичката мода, а нејзиното богатство е околу 360 милиони фунти.
Зад сопругата на Бекам стои друга пејачка, Шакира, која е во брак со Жерард Пике веќе десет години. Нејзината кариера трае веќе подолго време, а наводното богатство изнесува околу 220 милиони евра.
После Викторија и Шакира, другите жени на фудбалерите се далеку „посиромашни“. На третото место е Колин Руни кој заработи 14 милиони фунти, следен од Георгина Родригез со заработка од спонзорски договори од околу 7 милиони фунти.
По Георгина следуваат: Пери Едвардс (Алекс Окслејд-Чембрлен) шест милиони фунти, Кристин Лампард пет милиони, Оријана Сабатини (Пауло Дибала) четири милиони, Ванда икарди три милиони, Еби Кленси (Питер Крауч) 2,5 милиони и Хелен Фланаган (Скот Синклер) два милиони фунти.