Најпознатиот голфер Тајгер Вудс доживеа тешка сообраќајна несреќа. Тој загубил контрола врз возилото, излетал од патот и неколку пати се превртел завршувајќи во провалија. За среќа Вудс ја преживеал сообраќајката. По сето ова се огласи неговиот тим.

Потврдено е дека голферот има сршеници на левата нога, опериран е, но имал исто така повреди на коски, скршеници на стопалата и зголобите, кои биле успешно санирани. Тој е буден и комуницира по операцијата.

Новите информации велат дека внатрешниот дел на автомобилот, воздушните перничиња, му го спасиле животот.