Нов пораз на Тотенхем, овој пат од Вест Хем со 2:1 со што „паднаа“ на деветото место. Во последно време тимот на Мурињо игра многу лошо, па се е подалеку од врвот на табелата. Иако пред да го ангажираат раководството се надеваше дека ќе им донесе титула, сепак Мурињо го има најлошиот резултат откако работи како тренер.
Имено, по 50 мечеви на клупата на Тотенхем тој има освоено 81 бод, што е далеку помалку од клубовите во кои претходно работел.
50 мечеви на Мурињо како тренер:
Манчестер Јунајтед – 95 бодови
Интер – 113 бодови
Челзи (втор ангажман- 114 бодови
Реал Мадрид – 123 бодови
Порто – 124 бодови
Челзи (прв ангажман- 126 бодови
Навивачите на Тотенхем се надеваат дека Мурињо можеби наскоро би добил отказ, но такво нешто клубот би го чинело 40 милиони евра, па во време на пандемија и финансиска криза, се поставува прашањето дали може тоа Тотенхем да го издржи.