Моис Кин е одличен во ПСЖ, но парижаните нема лесно да го добијат неговиот потпис.

Кин е на позајмица во ПСЖ, а неговиот клуб Евертон го процени на неверојатни 80 милиони евра.

Италијанецот скоро и да не играше на „Гудисон Парк“, но ПСЖ го позајми и дефинитивно го „оживеа“. Тој постигна 14 гола на 25 натпревари, а беше стрелец и во вторникот против Барселона во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Евертон има намера да заработи добри пари, а доколку го продаде за 80 милиони евра, тоа ќе значи трипати поголема заработка од сумата за која беше донесен од Јувентус летото 2019 година.

loading…