Агенцијата за млади и спорт вечерва на свечена церемонија ги прогласи најуспешните македонски спортисти за 2020 година.
Добитници на наградите по категории се:
Најдобра млада спортистка: Магдалена Божиновска (карате)
Најдобар млад спортист: Роберто Ацковски (карате)
Најуспешен спортист за лица со инвалидитет: Владимир Тркаљанов (шах)
Најуспешен национален тим: Македонската фудбалска репрезентација
Најуспешен тренер/селектор: Игор Ангеловски (селектор на македонската фудбалска репрезентација)
Најуспешна федерација: Фудбалската федерација на Македонија
Најдобра спортистка: Вероника Костовска (карате)
Најдобар спортист: Горан Пандев (фудбал).
Во отсуство на Горан Пандев, наградата за најдобар спортист, премиерот Зоран Заев, ја врачи на братот на капитенот на репрезентацијата, Сашко Пандев.