ПСЖ синоќа ја победи Барселона со 4:1 во мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите.

ПСЖ така се најде на чекор до пласман, иако во Париз треба да се одигра реванш. Килијан Мбапе синоќа постигна хет-трик.

Парижаните беа без Нејмар кој беше повреден, а пред натпреварот тој објави дека очајно сака да игра натпревар против поранешниот клуб.

Но, Нејмар го гледаше натпреварот од неговиот дом во Париз и објави видео од моментот кога Мбапе постигна еден од головите, и покажа дека навистина знае да слави.

На навивачите на Барселона тоа навистина не им се допадна бидејќи Нејмар го носеше дресот на овој клуб од летото 2013 до летото 2017 година со многу успех.

loading…