За само едно полувреме Арсенал го реши мечот во своја корист против Лидс, иако во вториот дел за момент се врати неизвесноста. По првито дел „Топџиите“ водеа со 3:0 благодарејќи на два гола на Обамејанг и еден на Балерин. По само две минути игра во вториот дел Обамејанг го постигна својот трет гол на мечот и стана јасно дека бодовите ќе останат на „Емирати“.

Лидс успеа да постигна два гола кои значеа само ублажување на поразот.Струик и Коста беа стрелци на головите. Македонскиот репрезентативец Алиоски играше до 53-та минута. Со оваа победа Арсенал го скокна Лидс на табелата. Сега „Топџиите“ се 10-ти со 34 бодови, а едно место подолу е тимот на Алиоски со 32 бодови.

 

loading…