Голманот на Астон Вила, Емилио Мартинез е премногу воодушевен од својот соиграч Џек Грилиш кого дури го спореди и со Лионел Меси.

-Грилиш е најталентираниот фудбалер кого некогаш сум го видел. Никогаш нема да ја загуби топката. Кога ќе тргне секогаш нешто ќе направи, шутира, асистира, ќе изнуди корнер. Со многу леснотија поминува, двајца или тројца играчи. Во него го гледам Меси со десната нога. Не можете да му ја одземете топката, исто како на Лео, вели Мартинез.

loading…