УЕФА донесе одлука, која предизвика остри реакции низ целиот фудбалски свет.

Нема да се поведе дисциплинска постапка против романскиот судија Себастијан Колтеску.

Да потсетиме, гореспоменатиот судија го нарече помошникот тренер на истанбулскиот тим Пјер Вебо „црнец“ на натпреварот помеѓу ПСЖ и Башакшехир, што се толкуваше како расистичко однесување.

После тоа, играчите на Башакшехир го напуштија натпреварот, кој продолжи следниот ден, а два месеци по настаните во Париз, УЕФА не поведе дисциплинска постапка против романскиот судија.

loading…