Искусниот италијански голман Антонио Миранте најверојатно ќе ја напушти Рома на крајот од оваа сезона.
Миранте пристигна во римскиот клуб пред три години од Болоња, но главно беше резервна опција. На крајот на оваа сезона, неговиот договор со „Волчицата“ истекува и како што стојат работите, Миранте сигурно ќе го напушти „Олимпико“.
Иако веќе 37 години, интересот за Миранте постои, а според италијанските медиуми, челниците на Милан се подготвени да му понудат договор.
„Ла Газета дело Спорт“ пишува дека Миранте веќе е во контакт со „Росонерите“ и дека е заинтересиран да ја продолжи кариерата во овој клуб.
Секако, Миранте би бил резерва за Џиџи Донарума во Милано, но очигледно дека не му пречи толку. Миранте се очекува да потпише за Милан на почетокот на јули кога истекува неговиот договор со Рома.
loading…