Една совршено нормално и обично потстрижување може да го уништи Супер бол.

Вкупно 20 играчи на Канзас Сити Шефс, вклучувајќи го и Патрик Махомес, закажаа состанок со фризер кој претходно бил тестиран за коронавирус.

Фризерот го потстрижуваше Данил Килгоер кога добил информација дека е позитивен. Веднаш ги остави ножиците и ги напушти просториите на клубот.

Килгор се пошегува на своја сметка објавувајќи фотографија на која е исечена половина од косата, а другата половина не. Тој веднаш заврши во карантин исто како и неговиот соиграч Демарку Робинсон кој се потстрижа ден претходно.

Фризерот беше негативен во неделата, кога дојде во клубот мораше повторно да биде тестиран и резултатот беше позитивен. Вкупно 20 играчи ги побараа неговите услуги.

Робинсон и Килгор ќе можат да патуваат на Супер Боул доколку нивните тестови бидат негативни пет дена по ред.

НФЛ издаде протокол според кој играчите можеа да го напуштат својот дом и да одат во клупските простории, но дозволата за потстрижување можеше да доведе до ширење на коронавирусот во тимот, па поради тоа и Супер бол е доведен во прашање.

loading…