Повторно покажувајќи ја својата транспарентност, отвореност и посветеност за вистинските фудбалски вредности, Фудбалската федерација на Македонија како што најави на прес – конференцијата одржана на 22 јануари го споделува официјалниот допис од генералните секретари на УЕФА и ФИФА во врска со спорот помеѓу Агенцијата за млади и спорт и Фудбалската федерација на Македонија.
– Во насока на нашата постојана комуникација, ФИФА и УЕФА ја подржуваат Фудбалската федерација на Македонија, Статутот да биде предмет на разгледување целосно откако ќе се одржи изборното Собрание на ФФМ и ќе биде избран новиот Управен одбор.
Согласно праксата на добро раководење, ФИФА и УЕФА силно препорачуваат нивните членки да не прават промени во нивните статути пред одржување на изборите, туку само потоа.
Иако датумот на изборното Собрание сеуште не е утврден, веруваме дека истото ќе се одржи навремено и во разумен рок. Целта на ревизијата на Статутот на ФФМ не е само во насока на усогласеност на истиот со Статутите на ФИФА и УЕФА, туку и во насока на усогласеноста со националното законодавство.
Веруваме дека ФФМ може да организира изборен процес независно и без влијание – стои во официјалниот допис на УЕФА и ФИФА.
Сејдини до Мојсовски: Треба да се срамиме од начинот на кој постапуваат одредени наши институции!
На последната прес-конференција во „Куќа на фудбалот“, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини ја информираше јавноста за медиумски манипулативно известување со неважечка содржина споделено од Агенцијата за млади и спорт кое имаше за цел да фрли сенка на одличната година која е зад Фудбалската федерација на Македонија.
– Апсолутно сме убедени дека и во иднина заедно со сите поврзани чинители посветено ќе работиме на подобрување на условите во македонскиот фудбал, согласувајќи се околу потребата за спроведување и имплементација на македонските закони – информираат од ФФМ.
АМС повторно влезе во судар со ФФМ неколку месеци пред годишното собрание