Македонскиот ракометен репрезентативец Жарко Пешевски и во идната сезона ќе го носи дресот на германскиот прволигаш Штутгарт.
Пикерот на „црвено-жолтите“ веднаш по враќањето во клубот од настапот на Светското првенство во Египет, потпиша нов едногодишен договор. Освен Пешевски, нови договори потпишаа уште и дам Лен, Патрик Цикер и Самуел Ретлисбергер.
– Среќни сме поради новите договори на четворицата ракометари. Тие се многу значајни компоненти во формулата за нашиот напредок како клуб и сакаме да продолжиме заедно на овој пат кон успехот“, изјави тренерот на Лајпциг, Јирген Швајкарт.