Футсалците на стартот од квалификациите за пласман на Европското првенство загубија со 2:1 на гостувањето кај БиХ.

Босанците поведоа уште во осмата минута кога Јосип Бошковиќ непречен од никого го совлада голманот Петровски. До крајот на првото полувреме, домаќинот поведе и со 2:0 откако во 17. минута повторно Бошковиќ беше прецизен.

На стартот од второто полувреме, избраниците на селекторот Скендеровски, во 23. минута успеаја да ја намалат негативата по голот на Петровиќ, но до крајот на натпреварот не успеаја да постигнат уште еден гол и да го избегнат поразот.
Во вториот натпревар од групата 4, Романија и Србија одиграа без победник 2:2.
Футсал репрезентацијата на Македонија следниот натпревар во квалификациите за пласман на ЕП ќе го играат на 3. февруари кога ја пречекуваат Романија.