Трката за шампионската титула во Серија А кулминација ќе доживее во последното коло. По 37 рунди, Наполи има бод повеќе од бранителот на титулата Интер. Синоќа во драматични натпревари, Наполи одигра натпревар без голови во Парма, а Интер не успеа да го победи Лацио, натпреварот заврши 2:2.
Наполи во последното коло ќе го пречека Каљари, а Интер ќе гостува во Комо. Интересно двата тима немаа да имаат помош од своите тренери.
Антонио Конте и Симоне Инзаги, синоќа против Парма односно Лацио беа исклучени речиси во истата минута.
Конте доби црвен картон откако се скара со некои играчи на клупата на Парма, а набргу потоа црвен картон доби и тренерот на „млекарите“ Кристијан Киву.
Од друга страна, Инзаги беше бесен на колегата Марко Барони, кој побара преглед на ВАР системот по играњето со рака на Јан Бисек во 88-та минута, по што Педри постигна гол од пенал за 2:2.
Да потсетиме, доколку Наполи и Интер ја завршат сезоната со ист број бодови, за титулата ќе се игра мајсторка на неутрален терен. Вакво сценарио е можно само доколку Наполи загуби, а Интер одигра нерешено.
Текстот Конте и Инзаги нема да ги водат своите клубови во последното коло е превземен од МАКФАКС.