Најдобриот голман во светот, според ФИФА, Емилијано Мартинез, емотивно го доживеа крајот на натпреварот против Тотенхем. Астон Вила во претпоследното коло го победи Тотенхем со 2:0 и остана во трката за место во Лигата на шампионите. Дуелот од претпоследното коло беше последен за Вила оваа сеозна пред домашната публика.
Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, рече „ќе видиме“ кога беше прашан за иднината на Емилијано Мартинез, откако аргентинскиот голман се расплака на крајот од победата против Тотенхем.
Двократниот голман на годината според ФИФА одигра 211 натпревари за Астон Вила откако пристигна од Арсенал во 2020 година.
Мартинез е многу блиску до изненадувачки трансфер во Саудиска Арабија, тврди Фабрицио Романо.
„Ова беше последниот натпревар овде оваа сезона и не знам. Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата со тимот, со играчите, но она што е сигурно е дека тие даваат се од себе на теренот“, рече Емери.
Текстот Еми Мартинез си оди од Астон Вила е превземен од МАКФАКС.