Високиот шпански стопер Дин Хујсен ќе биде првото засилување на новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо.

Според италијанскиот фудбалски „инсајдер“ Фабрицио Романо, неговиот трансфер е договорен со Борнмут, и наскоро зделката ќе биде официјализирана.

Хујсен има само 20 години, висок е 195 сантиметри, по завршувањето на лекарските прегледи, ќе потпише договор со Реал до 2030 година.

Веќе беше познато дека Шпанецот е на прагот на „кралскиот клуб“, Романо веќе објави дека обештетувањето за талентираниот фудбалер ќе биде околу 60 милиони евра.

Хујсен е роден во Амстердам, кога имал само пет години неговото семејство се преселило во Шпанија, а откако играл за помладите селекции на Холандија, решил да ја промени репрезентацијата и оваа година дебитираше за „Црвената фурија“.

Тој зад себе има одлична сезона во Премиер лигата, стана еден од најдобрите играчи на тимот на Борнмут, а постигна и три гола.

На почетокот на својата кариера играше за младиот тим на Јувентус, запиша еден настап за првиот тим на Јуве, а во сезоната 2023/2024 беше на позајмица во Рома.

Текстот Прво засилување за Чаби Алонсо, Хујсен се договори со Реал е превземен од МАКФАКС.