Конечната одлука дали Драган Стојковиќ Пикси, по втор пат ќе ја предводи селекцијата на нашиот северен сосед ќе биде донесена на 5. февруари
Весникот „Вечерње Новости“ пренесува дека начелно е постигнат договор и една од легендите на српскиот фудбал и на Црвена звезда, Драган Стојковиќ Пикси да биде новиот селектор на Србија.
Фудбалската федерација на Србија првично понудила годишна плата од 825.000 евра но понудата била одбиена, по што сумата е зголемена на еден милион евра и Пикси ја прифатил понудата.
Сепак, пред да седне на клупата на репрезентацијата на Србија, Драган Стојковиќ мора да се договори со неговиот поранешен клуб Гвангжу со кого ја раскина соработката кон крајот на минатата година.
Пикси и Кинезите преговараат за отштетата која треба да му припадне на поранешниот фудбалер на Црвена звезда, два милиони евра ќе ги добие до наредното лето, а се очекува во наредните две недели да се договорат и за останатите 3.5 милиони евра кои требаше да ги добие Стојковиќ до истекот на договорот.
Фудбалската федерација на Србија очекува до 5. февруари да завршат преговорите со Гвангжу по што Стојковиќ би бил промовиран како наследник на Љубиша Тумбаковиќ.