Селекцијата на хрватска во последниот натпревар од групната фаза доживеа вистинска катастрофа губејќи со 38:26 од Данска и го заврши настапот на Светското првенство во Египет.
Селекторот Лино Червар кој од претходно најави дека си заминува од функцијата, по убедливиот пораз истакна дека Данска созема заслужено победи, но и ги посочи проблемите со кои се соочуваа „коцкестите“
– Данска беше фаворит на овој натпревар, тие се светски шампиони. Во првото полувреме игравме добро, се држевме, но подоцна ни недостигаше сила. Во овие моменти, Данска едноставно е подобра. Дали ми е жал? Ова не е неуспех, туку реална состојба. На Европското првенство тврдам дека бевме најдобра репрезентација, а за ова СП повеќе пати кажав дека не сме подготвени. Дувњак е тука како еден од најдобрите играчи во Европа, неодамна имаше корона и температура, што мислите колку може? Карачиќ беше повреден и не може да игра цел натпревар, недостига и Циндриќ. Што мислевте, кој ќе го реши натпреварот? Младиот од Нексе? Не може да игра некој на надворешните линии кога тоа не го игра во клубот. Размислував да одиме, како второпласирани со подмладена репрезентација. Треба да имаме разбирање и да им помогнеме на клубовите да „вадат“ ракометари. Сите мислат дека ќе во Египет ќе освоиме златен медал, тоа е нереално. Мора да имаме силни екипи и да создадеме нови Карачиќ, Циндриќ, Дувњак и за тоа ќе биде потребно време.
Благодарност до сите кои ја поддржуваа Хрватска. Во 47. година од кариерата освоив сè што можев и сега ќе одморам па потоа ќе се вратам на ракометот – изјави Червар.