Фудбалерите на Џирона ја победија Мајорка во 34-то коло од Ла Лига со 1:0 и освоија три вредни бода во борбата за опстанок.
Тимот од Каталонија успеа да слави со голот на искусниот Стуани и да направи разлика од шест бода во споредба со зоната за испаѓање.
Стуани ја искористи првата можност на натпреварот, во 10.минута и го постигна голот што се покажа како единствен на натпреварот.
Проблемот на Мајорка беше што воопшто не можеа да го погодат голот. За 90 минути, тие шутираа вкупно девет пати, топката само еднаш одеше во рамката на голот.
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски по подоглго време доби шанса, и тоа минимална, влезе на теренот во 87.минута, на местото на стрелецот Стуани.
Жирона ја прекина серијата од 11 натпревари без победа. Нивниот последен триумф беше пред три месеци против Лас Палмас. Од друга страна, Мајорка се мачи да постигнува голови. Тие не постигнале гол во претходните три натпревари, а освоија само еден бод.
Џирона моментално е 15-та и има 38 бода, додека Мајорка е десетта со 44 бода, исто колку и Рајо Ваљекано.
Текстот (Видео) Ветеранот Стуани ја однесе Џирона во безбедната зона е превземен од МАКФАКС.