Во голема тепачка во Белград наводно учествувале четворица кошаркари на Партизан.
Во ноќта помеѓу недела и понеделник, во Белград се случи голем инцидент и тепачка во која, според непотврдени информации, актери биле кошаркари на Партизан.
По тепачката, две лица се здобиле со полесни повреди, додека едно лице се здобило со тешки повреди, дознава „Спортал“.
Овој извор наведува дека биле вмешани Карлик Џонс, Стерлинг Браун, Исак Бонга и Френк Ниликина.
„Ги провоцираа девојките само затоа што беа во друштво на кошаркари. Ми се чини дека ги навредуваа и на расна основа, односно ги нарекуваа девојките со погрдни имиња и ги прашуваа што прават со момчиња со темна кожа. Потоа го напуштија клубот и ги чекаа кошаркарите надвор, каде што избувна општа тепачка“, изјави еден од очевидците за Спортал.
Спортал понатаму го опишува инцидентот:
„Полицијата добила повик околу 5:30 часот и излегла на теренот каде што пронашла тројца повредени мажи, М.К., Н.Ј. и Ј.К. Споменатите лица веќе дале изјава во полицијата и тврделе дека играчите на Партизан биле актери во тепачката. Брзата помош исто така реагирала, повредените млади мажи биле пренесени во Ургентниот центар. Ј.К. и Н.Ј. имале полесни повреди на главата, а М.К. скршен прст. Кошаркарите на Партизан не била на местото на настанот, но се очекува ди тие да дадат изјави за инцидентот.“
Никој од КК Партизан сè уште не проговорил за инцидентот.
Haos ispred noćnog kluba “Bank” rano ujutru u ponedeljak pic.twitter.com/FBR7wbKMNR
— sportsscandals (@sportsscandals1) May 5, 2025
Текстот (Видео) Кошаркарите на Партизан актери на жестока тепачка во Белград е превземен од МАКФАКС.