Италијанскиот тим од пониската лига, Атлетик Палермо, се промовираше во Серија Д, четвртата лига на италијанскиот фудбал.

По одлична борба во текот на целата сезона, Атлетик Палермо ремизираше со својот ривал од Партиникудаче и избори промоција за прв пат во својата историја.

Прославата на големиот успех беше очекувано бучна, но главниот спонзор на клубовите одлучи да оди чекор понатаму. Атлетик Палермо е спонзориран од веб-страница специјализирана за ескорт услуги, а нивниот извршен директор Мајк Мора им подари на играчите донекаде необичен подарок – доживотна претплата за бесплатни ескорт услуги – по повод нивното унапредување во повисок ранг.

„Сакавме да го одбележиме овој момент со практичен подарок. Сега тренерите и играчите конечно можат да се релаксираат со дополнителен подарок“, рече Мора. Играчите ја дочекаа веста со голема радост, а од клубот велат дека нивната цел е да остават белег меѓу посилната конкуренција во Серија Д.

Текстот Италијански тим од пониската лига влезе во Серија Д, играчите беа наградени со доживотни услуги од ескорт дами е превземен од МАКФАКС.