Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак продолжува да ја пишува историјата на шпанскиот фудбал. Во ремито на Атлетико на гостувањето кај Алавес, Облак по 173-ти пат во Примера успеа да ја сочува мрежата и со тоа на вечната листа да го надмине големиот Икер Касиљас, кој остана непоразен во 172 натпревари.  На вечната листа се наоѓа Андони Зубизарета со 232 натпревари без примен гол, па следува Пако Бујо со 212, а трет е Облак со 173.

Но, ако се погледне процентот на натпревари на кои голманите во Ла Лига останаа непоразени, Облак е убедливо на првото место. Верувале или не, Облак остана непоразен во Примера со 48%, потоа Виктор Валдес со 44%, Бујо со 39%, Зубизарета со 37%, а последен во топ 5 е Икер Касиљас со 34%.

Во превод, Облак е на добар пат да стане најдобар голман во историјата на Ла Лига, доколку остане уште две или три години во Атлетико…

Текстот Јан Облак без рамен во Ла Лига го прескокна Икер, следен е Зубизарета е превземен од МАКФАКС.