На една недела пред одржувањето на Изборното собрание на РФМ, ракометните клубови му дадоа комплетна поддршка на Живко Мукаетов за нов претседателски мандат.
Еден клуб може да подржи само еден кандидат, а сите 54 клубови од македонското првенство кои имаат свои делегати на собранието со право на глас, испратиле писмена поддршка со потпис и печат за Мукаетов.
Тоа значи дека на Изборното собрание на 31 јануари тој ќе биде единствениот кандидат за претседател и изборот ќе биде само формалност за потврда на неговиот нов мандат.
Живко Мукаетов од март 2013 година е на чело на Ракометната федерација на Македонија.