Фудбалерот на Барселона, Жил Кунде, ќе отсуствува најмалку две недели поради повреда на бутниот мускул на левата нога.
„Тестовите извршени утрово покажаа дека Кунде има повреда на феморалниот бицепс на левата бутина. Враќањето на динамиката во тимот ќе биде утврдено подоцна“, се вели во соопштението на клубот, без детали за должината на паузата.
Фудбалерот на Барселона, Жил Кунде, заработи повреда на натпреварот со Интер (3:3).
Шпанските медиуми истакнуваат дека Французинот ќе биде надвор од терените најмалку две недели, што значи дека нема да игра на реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер следната недела во Милано, како и на „Ел Класико“ во кое Барселона го пречекува Реал на 11 мај во можеби решавачкиот дуел за титулата шпански шампион.
Претходниот викенд, Кунде постигна гол во продолжението за победата на Барселона од 3:2 против Реал во финалето на Купот на кралот.
Текстот Познато е колку ќе отсуствува Жил Кунде е превземен од МАКФАКС.