Селекцијата на Египет во последното коло од групата 4 во главната рунда на Мундијалот одигра 25:25 против Словенија и си обезбеди пласман во четвртфиналето.
Домаќинот на Мундијалот одигра катастрофално прво полувреме во кое постигна само осум гола, а лошо го започна и вториот дел. Словенците имаа предност од 15:10, но од тие моменти „фараоните“ заиграа фантастично и успеаја да дојдат до израмнување (17:17), а потоа и во водство кое го испуштија во финишот. Во последните минути избраниците на Роберто Парондо имаа водство од 23:25, но Словенија успеа да се спаси од пораз со два гола во финишот.
Санад постигна седум гола за Египет, Омар даде шест, додека кај Словенија Блаж Јанц беше најпрецизен со шест гола.
Селекцијата на Норвешка со 35:33 го совлада Исланд и го чека исходот од натпреварот Португалија – Франција. Доколку Португалците победат со еден гол разлика тие заедно со французите ќе играат во четвртфиналето, додека Норвешка ќе испадне. Очекувано прво име кај Норвешка беше Сандер Сагосен со девет постигнати голови, додека Елисон со шест гола беше најпрецизен кај Исланд.