Фудбалерите на Челзи го победија Евертон со резултат од 1:0 во натпреварот од 34-то коло од Премиер лигата.
Ттимот на Енцо Мареска стигна до важни три бода со голот на Николас Џексон во 27.минута од натпреварот.
— OvoOno (@OvoOnoX) April 26, 2025
Џексон ја затресе и мрежата на гостите во 85.минута, но тој гол беше поништен веднаш и без проверка во ВАР собата поради офсајд.
Со овој триумф, „Сините“ ги престигнаа Нотингем Форест и Њукасл и моментално се четврти со 60 бода, но и натпревар повеќе од овие два тима.
Во следната рунда, Челзи го пречекува Ливерпул во можеби клучен натпревар во борбата за Лигата на шампионите, додека Евертон ќе игра дома против Ипсвич.
Текстот (Видео) Челси не се откажува од ЛШ го победи Евертон на „Стенфрд Бриџ“ е превземен од МАКФАКС.