Тренерот на Барселона, Роналд Куман смета дека е потребно да се засили составот за да се постигнат подобри резултати.
– Мојот став е познат. Немаме доволно играчи, но економската состојба во клубот има влијание. Мислам дека сите мислиме на ист начин. Ако никој не дојде, јас ќе го прифатам тоа и ќе продолжиме да настапуваме како што правиме сега. Ако сакаме повеќе, тогаш мора да купиме играчи, изјави Куман.
Барселона моментално е рангирана на 4. позиција во поредокот во Ла Лига со 34 бода по 18 натпревари.