Нико Ковач од Борусија Дортмунд ја доби довербата да го предводи тимот и следната сезона.

Хрватскиот стручњак пристигна на „Вестфален“, во февруари годинава и досега го водеше тимот на 16 натпревари. Во тој период „милионерите“ победија осум пати, три пати ремизираа и пет пати загубија.

Борусија започна прилично бавно под палката на Ковач, но тимот и играта изгледаат се подобро во последно време.

На последните четири натпревари во Бундеслигата, Дортмунд трипати триумфираше, ремизирајќи (2:2) со лидерот Баерн.

Во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите (3:1) за малку ќе ја надополнеја големата разлика од Барселона (0:4), покажувајќи дека можат да ги одмерат силите со најдобрите тимови на Стариот континент.

Сето ова му овозможи на поранешниот тренер на Баерн, Монако и Волфсбург да остане на кормилото и следната сезона.

„Милионерите“ моментално се на седмата позиција во Бундес лигата, а се на четири бода од четвртото место кое води во Лигата на шампионите.

Текстот Ковач и наредната сезона ќе ги предводи „милионерите“ од Дортмунд е превземен од МАКФАКС.