Фудбалерите на Манчестер Сити ја победија Астон Вила со 2:1 во 34. коло од Премиер лигата.

Првиот меч од 34.коло донсе драматичен финиш и неочекуван херој на Манчестер Сити, Матеус Нинеш кој погоди за победа во 94.минута.

Момците во светлосини дресови брилијантно го отворија овој натпревар и поведоа со голот на Бернардо Силва во 7. минута. Само девет минути подоцна беше досуден пенал за гостите од Бирмингем по ВАР консултации, одговорноста ја презеде Маркус Рашфорд и изедначи на 1.1.

Сити доминираше на овој натпревар. Имаше многу поголем посед на топка, постојано напаѓаше и се обидуваше да постигне гол, а Мартинез брилијантно го запираше секој нивен обид.

По 90 минути игра, судијата Крег Паусон ја продолжи играта на уште 5 минути, а кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши нерешено, тогаш Сити го зададе конениот удар.

Во 94. минута Матеуш Нунеш на асистенција на Доку му донесе победа на Манчестер Сити.

Сити скокна на третото место со 61 бод, еден повеќе од Нотингем Форест, два од Њукасл и четири од Челси и Астон Вила. Овое пет тима се борат за преостанатите три места во Лигата на шампионите.

Текстот (Видео) Нунез херој – Сити ја победи Астон Вила во 94. минута е превземен од МАКФАКС.