Фудбалерот на Баер Леверкузен, Џонатан Та изјави дека на крајот на сезоната ќе го напушти клубот од Леверкузен, пренесува германски „Кикер“.

Та го потврди пишувањето на одредени германски медиуми дека нема да ја продолжи соработката со клубот од Леверкузен. Тој има договор со Баер до 30 јуни годинава.

„Се беше јасно од самиот почеток. Во еден момент донесов одлука да не го продолжам договорот и да не останам во Леверкузен“, изјави фудбалерот на Баер.

Та (29) е член на Баер Леверкузен од 2015 година, а претходно настапуваше за Фортуна Дизелдорф и Хамбургер. За клубот од Леверкузен одигра 397 натпревари и постигна 17 голови. Со Баер освои три трофеи.

За германската репрезентација одигра 35 натпревари.

Се шпекулира дека интерес за него покажале шпанските великани Барселона и Реал Мадрид.

Текстот Капитенот потврди дека ќе го напушти Леверкузен е превземен од МАКФАКС.