Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо е свесен дека шансите на тимот да ја одбрани титулата во Бундеслигата се минимални.

„Мора да бидеме реални и да кажеме дека имаме само математички шанси да ја освоиме титулата во Бундеслигата“, изјави Алонсо, пренесуваат денеска германските медиуми.

На четири кола до крајот на Бундеслигата, тимот од Леверкузен е на второто место на табелата со осум бода помалку од првопласираниот Баерн Минхен.

Леверкузен до крајот на сезоната ќе игра натпревари против Аугсбург, Борусија Дортмунд, Фрајбург и Мајнц, додека Баерн ќе се сретне со Мајнц, Лајпциг, Борусија Менхенгладбах и Хофенхајм.

Текстот Алонсо: Шансите за освојување на титулата се само математички е превземен од МАКФАКС.