Италијанската фудбалска федерација соопшти дека сите денешни натпревари се прекинати поради почит кон починатиот папа Франциско.

Одлуката се однесува на сите нивоа на натпреварување – од највисоката лига Серија А до аматерски натпревари.

Во соопштението на Федерацијата се вели дека „тагува поради смртта на папата Франциско“.

Текстот Италија ги прекина сите фудбалски натпревари во знак на почит кон папата е превземен од МАКФАКС.