Деклан Рајс, фудбалерот на Арсенал го најави освојување на Лигата на шампионите.
Арсенал оваа сезона стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, а во четвртфиналето го исфрли Реал Мадрид, убедливо со вкупен резултат 5:1.
Еден од хероите на тимот од Лондон изјави дека целта на Арсенал е да ја освои Лигата на шампионите оваа сезона.
„Средата беше исклучителна ноќ за нашиот клуб, историска ноќ. Имаме цел во ова натпреварување, а тоа е да ја освоиме Лигата на шампионите“, рече Рајс.
Англичанецот потоа ги пофали соиграчите.
„Бевме навистина полни со самодоверба и верба дека можеме да победиме во Мадрид. Тоа што го имавме во нашите глави го спроведеме во пракса“, изјави Рајс и додаде:
„Имав чувство дека напредуваме, ова е навистина неверојатно. Завршивме неверојатна работа досега во ЛШ. Имаме верба во себе, му веруваме на тренерот без резерва, тој е неверојатен. Полуфиналето е голема работа за нас и сакаме само да уживаме во се“.
Текстот „Целта на Арсенал е да ја освои Лигата на шампионите“ е превземен од МАКФАКС.