На седницата на Собранието на АБА лигата е донесена важна одлука, ќе се менува форматот на АБА лигата.

Како што пренесува „Меридијан спорт“, потврдено е дека АБА лигата во иднина ќе може да брои најмногу 20 клубови, а усвоен е и предлог според кој најмногу 50 отсто од учесниците можат да доаѓаат од една земја.

Ваквата одлука би можела да има директни последици врз структурата на лигата со оглед на тоа што во моментов учествуваат 16 екипи, а најголем број доаѓа од Србија – дури шест клуба.

Интересно е што предлогот не беше едногласно прифатен. Како што се наведува, Задар и Цибона гласале против, а од Крка биле воздржанани.

Ваквата одлука на раководството на регионалното натпреварување го наметнува прашањето кој ќе ги пополни четирите места следната сезона, бидејќи интерес за приклучување на регионалниот караван имаше од Абу Даби, Клуж, МЗТ и австриска Виена.

Јасно е дека едно место ќе му припадне на освојувачот на АБА 2 лигата. Во финалето Илирија (Словенија) ќе игра против победникот од дуелот меѓу Војводија (Србија) и Босна (БиХ).

Текстот Изгласано е проширувањето на АБА лигата е превземен од МАКФАКС.