Реал загуби од Арсенал во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Откако во првиот меч „топчиите“ на домашен терен победија со 3:0, во реваншот на „Бернабеу“ славеа со 2:1. Арсенал во полуфиналето ќе игра против ПСЖ. Втората полуфинална двојка е Барселона – Интер.

Сите шпански медиуми истакнуваат дека вкупните 5:1 не се единствениот показател колку Реал бил инфериорен во однос на Арсенал. Во преден план ја ставаат и огромна разлика во однос на претрчаните километри.

Разликата во претршаните километри во првиот меч била 11,7 километри, а во вториот 9,5 километри.

„Реал истрча 21 километар помалку од Арсенал и истрча најмалку од сите осум четвртфиналисти во Лигата на шампионите. Оваа статистика не е пресудна, но огромната разлика на Реал во однос на другите е зачудувачка“, пишува „АС“ и сликовито објаснува зошто е ова важно:

„Кога трчате 14 километри помалку од противникот, тоа е како да имате играч помалку“.

„Споредбата што ја направи Џуд Белингам пред реваншот против Арсенал беше потврдена и со бројките од реваншот. Реал истрча 107,5 километри, а Арсенал 116 километри. Реал имаше 9,5 километри помалку. Ова делува како Реал да играл со двајца фудбалери помалку, односно имал играч помалку во секој натпревар“.

„АС“ продолжува: „Оваа статистика е зачудувачка, но и донекаде погрешна. Затоа што во реваншот Реал го имаше поседот против Арсенал, кој играше на контра, а тоа бара повеќе трчање. На крајот на краиштата, во другите четвртфинални натпревари, екипите што испаднаа трчаа повеќе. Така, на два натпревари Баерн собра седум километри повеќе од Интер, а Вила имаше пет километри повеќе од ПСЖ, а Борусија три од Барселона. Но, никој не истрча 21 километар помалку од противникот“.

Шпанците посочуваат зошто е тоа важно: “Кога се поставува прашање за посветеноста на некои играчи или систем во кој недостига придонес во одбраната, оваа статистика ги поддржува споменатите хипотези. Бидејќи ниту една екипа меѓу осумте најдобри во ЛШ не истрча толку малку како Реал. Кој, беше и најтешко поразен”.

Текстот Реал надигран и претрчан од Арсенал: Како да играа со фудбалер помалку е превземен од МАКФАКС.